Милвоки Бакс изборија мајсторка против Бостон Слетик во конференциското четврт-финале. Шестиот меч од серијата Бакс го добија со 97:86, израмнија на 3:3 и изборија седми меч во ТД Гарден во Бостон.
Бостон, кој во серијата игра значително ослабен без неколкумина стандарнди играчи, не успеа да ја искористи првата меч топка, иако Селтикс добро влегоа во натпреварот. Водеа до финишот на втората четвртина, на моменти и со девет поени, кога Бакси целосно го свртеа мечот.
Домаќинот во второто полувреме одржуваше двоцифрена разлика, а Бостон до крајот на натпреварот, два пати се доближи на само два поени.
Милвоки го предводеше Јанис Адетокумбо со 31 поен и 14 скока, додека на спротивната страна најефикасен беше Џејсон Тејтум со 22 поени.
Решавачкиот меч од оваа серија на програмата е в сабота со почеток во 22 часот.