Top Sport

Милвоки ќе ги обединат браќата Адетокумбо

Милвоки бакс го донесоа со својот тим Танасис Адетокумбо, постариот брат на освојувачот на МВП наградата минатата сезона, грчкиот „ѕвер“ Јанис Адетокумбо, со што двајцата браќа ќе играат за истиот тим

26-годишниот Адетокубо потпишал договор на две години, откако во 2014 година беше избран во втората рунда на драфтот од Њујорк никс, но за нив одигра само два меча, пред последните две години да ги помине во својата татковина во тимот на Панатинаикос, со кој имаше просек од 3.9 поени и 2 скока во 62 натпревари.

Scroll to Top