Top Sport

Милвоки паднаа во Индијанаполис, победничката низа на Репторс заврши во Бруклин (Видео)

Водечките тимови на Истокот забележаа порази изминатата ноќ во НБА лигата. Бруклин Нетс ставија крај на низата од 15 победи во која беа Торонто Репторс, додека Милвоки Бакс без Јанис Адетокумбо паднаа во Индијанаполис.

Секоја победничка серија некогаш мора да заврши. Серијата од 15 победи на Торотно заврши во Бруклин. Нетс ги победија атуелните шампиони со 101:91. Втората четвртина го реши победникот, неа Нетс ја завршија со предност од 52:40.

Карис Леверт со 20 и Џо Херис со 19 поени беа најефикасни во редовите на Бруклин, додека кај Тоорнто се истакнаа Серж Ибака со 28 и Фред Ванвлит со 22 поени.

Индијана Пејсерс на Милвоки Бакс им го нанесоа осмиот пораз од почетокот на сезоната и воедни ставија крај на својата лоша низа од шест порази. Индијана победата од 118:111 ја најави во вториот период кога ја имаше највисоката предност на мечот (54:29).

Ти Џеј Ворен доминираше во редовите на Индијана со 35 поени и седум скока.

Scroll to Top