Предводени од Крис Мидлтон и Јанис Адеткокумбо, Милвоки бакс поведоа со 2:1 во финалето на Источната конференција, откако победија со 113:102 на гости кај Атланта хокс.
Атланта беше подобриот тим во првите три четвртини од мечот и изгледаше дека оди кон лесна победа, пред во последната четвртина, Бакси да се вратат и да ја добијат со 30:17 за вкупни 113:102.
Крис Мидлтон блесна со 38 поени и 11 скока, а одличен беше и Јанис Адетокумбо со 33 поени и 11 скока, додека кај Аталанта најдобар беше Треј Јанг со 35 поени.
И четвртиот меч од серијата се игра во Атланта во вторник навечер.