Top Sport

Минесота и Хјустон не му дозволија на Њујорк да преговра со нивните тренери

Њујорк Никс побараа дозвола од Минесота и Хјустон да разговараат со нивните тренери Крис Финч и Име Удока. Тимбервулвс и Рокетс го одбија барањето.

Меѓу главните кандидати за замена на неодамна отпуштениот Том Тибодо на клупата на Никс беше тренерот на Далас, Џејсон Кид. Њујорк сè уште не побарал дозвола да разговара со Кид, но познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија синоќа објави дека Маверикс исто така ќе ги одбијат Никс доколку го поднесат барањето.

На 3. јуни, Никс го отпуштија Тибодо, кој оваа сезона ги одведе до финалето на плејофот во Источната конференција за прв пат од 2000 година.

Со тимот на Хјустон, Удока успеа да стигне до резултат од 52победи и 30 порази оваа сезона и второ место на табелата во Западната конференција по регуларниот дел од натпреварувањето. Претходно беше тренер на Бостон, со кого стигна до финалето на плејофот на НБА во 2022 година.

Финч го предводеше тимот на Минесота до финалето на плејофот на Западната конференција оваа и минатата сезона. Тимбервулвс загубија од Оклахома оваа година, додека минатата сезона беа поразени од Далас, предводен од Кид од клупата.

Scroll to Top