Минесота Тимбервулвс ќе бираат први на драфтот во НБА кој ќе се одржи на 16 октомври. Франшизата од Минеаполис на драфт-лотаријата влезе со најмногу шанси да го добие правото да го избере првиот пик.
Откако својот избор ќе го направи Минесота ќе бираат Голден стејт Вориорс и Шарлот Хорнетс.
За разлика од минатата година кога беше јасно дека Зајон Вилијамсон ќе биде избран како прв пик оваа година нема играч кој отскокнува од другите.
Најзвучно име е ЛаМело Бол чии брат игра во Њу Орлеанс Пеликанс, односно центарот на универзитетот Мемфис, Џејмс Вајсман.
Прогнозите се дека Минесота нема да бираат помеѓу овие двајца бидејќи се покриени на тие позиции. Веројатно е дека „волците“ ќе бираат крило, а фаворити се Оби Топин од универзитетот Дејтон и Ентони Едвардс од универзитетот Џорџија.
The 2020 #NBA draft lottery is set. pic.twitter.com/1wj3XqWfh0
— ?Real Talk (@RealTalkWUN) August 21, 2020