Top Sport

Минувачите во шок, Шекил вози „Смарт“ (Видео)

Еден од најдобрите НБА-кошаркари на сите времиња Шекил О’Нил ги шокирал минувачите во Њујорк со фактот дека вози „Смарт“.

Шек е висок 215 сантиметри и тежок 150 килограми, но нема никаков проблем да влезе во ова мало возило.

Поранешниот играч на Лос Анџелес Лејкерс бил на Менхетен на промотивен настан, а откако истиот завршил се упатил кон својот автомобил.

„Тоа е навистина ваш автомобил? Ова е лудо…“, му дофрлил новинарот што го следел Шеки на настанот.

Иако присутните биле шокирани, Шек влегол во малиот автомобил и заминал. „Смарт“ не можеа да посакаат подобра реклама.

https://twitter.com/NBAEnLinea_/status/1167139554253516800

Scroll to Top