Top Sport

Лукаку жестокот му одговорил на Гери Невил

Напаѓачот на Белгија, Ромелу Лукаку, ова лето од Манчестер Јунајтед се пресели во Интер. На дебито во Серија А тој постигна гол за својот нов тим.

Легендата на Манчестер Јунајтед Гери Невил смета дека клубот направил добар потег што се ослободил од Лукаку. Според Невил, Лукаку, никогаш не се грижел за својата тежина и не бил вистински професионалец.

„Може Невил да зборува што сака, но не смее во прашање да го доведе мојот професионализам. Секогаш работев напорно и тоа ќе го потврди секој тренер. Секогаш давав се од себе тоа ќе ви го кажат и Солскјер и Мурињо и Роберто Мартинез, а сега и Антонио Конте“, рекол Лукаку.

Scroll to Top