Top Sport

Миротиќ две години во Монако

Кошаркарскиот клуб Монако го потврди трансферот на Никола Миротиќ. Црногорецот со шпански пасош со клубот од малото кнежество потпиша две годишен договор.

Миротиќ играше претходните две сезони за Олимпија Милано, во која пристигна од Барселона.

Претходно, тој имаше просек од 17,7 поени со 6,4 скока, две асистенции и една украдена топка по натпревар во ЕЛ.

„Монако е клуб кој е на врвот на Евролигата во последните години и има потенцијал да расте уште повеќе. Сакав нов предизвик, сè уште имам капацитет и затоа решив да дојдам тука“, рече Миротиќ.

Миротиќ беше MВП на Евролигата во сезоната 2021/2022, а има 34 години.

Ја започна својата кариера во Реал Мадрид (2008-2014), а помина неколку години во НБА играјќи за Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс и Милвоки Бакс.

Претходната сезона, Монако го водеше Василис Спанулис како тренер, откако завршија четврти во регуларната сезона (21-13), стигнаа до завршниот турнир во Евролигата, каде што беа поразени од турскиот Фенербахче.

Пред Миротиќ, клубот ги нагажира центрите Јоан Макунду и Кевариус Хејс, а сите клучни играчи останаа од тимот од минатата сезона, вклучувајќи ги Мајк Џејмс, Ели Окобо, Даниел Теис, Алфа Диало, Џордан Лојд…

Scroll to Top