Top Sport

Миротиќ има нов клуб

Никола Миротиќ од следната сезона ќе игра за Олимпија Милано, објави новинарот Емилијано Каркија.

Со денови се шпекулира дека кошаркарот ќе ја напушти Барселона, која реши да го намали буџетот за плати. Од наредната сезона тој буџет е намален за 20 отсто.

Според новинарот на Спортандо, Миротиќ веќе се договорил со тимот од Милано, но не се споменуваат финансиските детали и должината на договорот на кој ќе се обврзе Миротиќ на клубот од градот на модата.

Во Барселона пристигна во 2019 година, а минатата сезона беше МВП на Евролигата. Со околу пет милиони евра годишно Миротиќ беше најскапиот играч во Европа, а како што претходно објавија шпанските медиуми, искусниот кошаркар со сите даноци ја чини Барселона околу 11 милиони евра годишно.

Тимот на Шарунас Јасикевичиус сезонава не успеа да ја освои Евролигата иако беше главен фаворит за шампионската титула.

Scroll to Top