Српските медиуми врат дека Никола Миротиќ во наредните денови ќе потпише договор со Партизан. Според нив станува збор за најголемиот договор во историјата на српскиот спорт.
За да дојде до реализиција на овој договор потребно е Миротиќ да го раскине договорот со Барселона, односно двет страни да се договорат под кои услови ќе го раскинат договоорт кој важи и во наредните две сезони.
И покрај бројните понуди од Олимпијакос, Панатинаикос, Армани, Монако и Црвена звезда, Миротиќ наводно постигнал договор со Партизан на 1+1 година.
Според информациите на „Спорт Клуб“, кошаркарот ќе има годишна плата 3.500.000 евра по сезона, односно 7.000.000 доколку го исполни целиот договор.