Top Sport

Миротиќ ја крена Барса во евролигашкото „Ел класико“ со Реал!

Барселона се искачи на првото место во Евролигата по 14 поени, откако во големото кошаркарско „Ел класико“ против Реал Мадрид стигна до убедлива 93:80 победа, предводена од неверојатниот Никола Миротиќ.

Барса почна одлично и на полувреме отиде со 9 поени предност, кои на крајот станаа двоцифрена предност, за да го подобри скорот на 12-2, и во исто време да им го нанесе третиот пораз за 11-3 скор. Миротиќ мечот го заврши со 31 поен и 9 скока.

ЦСКА Москва пак, стигна до убедлива 73:51 победа над Жалгирис во Каунас, предводени од фантастичниот Никола Милутинов, кој ја имаше најдобрата партија оваа сезона со 19 поени и 12 скока.

За „Армејците“ ова е четврта победа во низа, додека Жалгирис загуби првпат дома по три победи во својата „Жалгирио“ арена. Андреј Швед додаде 17 поени за ЦСКА, кои одиграа фантастично во одбраната во второто полувреме, за од 28:30 водство на полувреме да имаат 39:57 на стартот на последната четвртина.

ЕВРОЛИГА, 14.КОЛО

Барселона – Реал Мадрид 93:80 (24:19, 27:23, 16:16, 26:22)

Жалгирис – ЦСКА Москва 51:73 (18:19, 10:11, 11:27, 12:16)

Монако – Олимпија Милано 65:71 (14:26, 13:13, 17:18, 21:14)

Панатинаикос – Алба Берлин 82:67 (30:25, 13:18, 14:9, 25:15)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top