Top Sport

Миротиќ ќе го пропушти отворањето на сезоната

Поранешниот шпански репрезентативец Никола Миротиќ се уште се опоравува од повредата на Ахиловата тетива на левата нога, а неговиот клуб Барселона потврди дека тој ќе го пропушти отворањето на сезоната во Евролигата и шпанската Ендеса лига.

Барса ја отвора сезоната во сабота, на домашен терен во каталонското дерби. Ривал на тимот на Шарунас Јасикевичиус ќе биде Хувентуд од Бадалона, а натпреварот ќе се игра во рамките на Суперкупот.

Барселона сезоната во шпанското првенство ја започне на 30. септември на гости против Гран Канарија, а во Евролигата премиерата ќе ја има на 7. октомври на домашен терен против Олимпијакос.

Лекарскиот тим на Барселона во официјалното соопштение наведува дека будно го следи закрепнувањето на 31. годишниот кошаркар и подоцна ќе даде проценка кога тој ќе се врати на теренот.

Миротиќ е МВП на Евролигата за претходната сезона, во Барселона настапува од 2019 година. Минатата сезона во елитното европско натпреварување имаше просек од 19,5 поени и 6,9 скока. Освен за Барселона, во професионалната кариера настапуваше и за Реал Мадрид, Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс и Милвоки Бакс.

Scroll to Top