Top Sport

Митоглу паднал на допинг-тестот

Кошаркарот на Олимпија Милано, Динос Митоглу, паднал на допинг тестот. Митоглу бил тестиран на почетокот на месецот, по натпреварот со Панатинаикос во Атина.

Без да соопшти повеќе детали за овој случај, информацијата за позитивниот допинг тест на Митоглу, на објави новинарот, Емилијано Каркија.

Митоглу во Милано пристигна на почетокот на сезоната од Панатинаикос. Кариерата ја започнал во Арис.

Во Евролигата има просек од 7,2 поени, 4,2 скока и 1,2 асистенции по натпревар.

Scroll to Top