Српскиот кошаркар Василије Мициќ (31) е нов член на Хапоел, потврди клубот од Тел Авив. По неколку недели шпекулации за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, српскиот интернационалец ја избра најдобрата понуда и се одлучи за нов тим од Евролигата од Израел, пренесоа српските медиуми.
Нема официјални информации, но според последните шпекулации, Хапоел му понудил на Мичиќ 14 милиони евра за тригодишен договор. Со 4,6 милиони евра по сезона, ова ќе го направи најплатениот кошаркар во Европа, само малку пред Кендрик Нана од Панатинаикос, кој има 4,5 милиони.
Хапоел ќе игра во Евролигата благодарение на освојувањето на Еврокупот, а пред Мициќ, тие веќе доведоа неколку големи засилувања.
Тимот го предводи Димитрис Итудис, а во текот на летото пристигнаа Елија Брајант, Тајлер Енис, Колин Малколм, Таи Одијасе, Дан Отури и Итај Сегев. Антонио Блекни, Бруно Кабокло, Томер Гинат, Јам Мадар, Џонатан Мотли, Гај Палатин, Бар Тимор и Иш Вејнрајт веќе се под договор.
Фото: Принтскрин