Top Sport

МКФ ги прогласи најдобрите, Антиќ и Антиќ лауреати за 2017

Македонската кошаркарска федерација (МКФ), на свечена церемонија, вечерва им ги додели наградите на оние кои ја обележаа 2017 година.

Индивидуалните признанија кај сениорите ги однесоа Перо Антиќ и јелена Антиќ. Кошаркарот на Црвена звезда, Перо Антиќ, не беше присутен на свечената церемонија, бидејќи вечерва имаше натпревар со својот тим, но не испрати ниту свој преставник да ја прими наградата во негово име.

Најдобри за 2017 во македонската кошарка се:

Најдобар кошаркар: Перо Антиќ
Најдобра кошаркарка: Јелена Антиќ
Најдобра машка екипa: МЗТ Скопје
Најдобра женска екипа: Бадел 1862
Најдобар тренер во машка конкуренција: Љупчо Малинков (Фени Индустри)
Најдобар тренер во женска конкуренција: Бране Андриевски (Вардар)
Најдобар судија: Алија Феревски
Најдобар млад кошаркар: Дамјан Крстевски (Работнички)
Најдобра млада кошаркарка: Тијана Митрева (Мерцедес Алегро, Италија)
Најдобра машка младинска екипа: Вардар
Најдобра женска младинска екипа: Бадел 1862
Најдобар тренер во младинска конкуренција: Денис Дервишевиќ (Феникс)
Најдобар тренер во младинска конкуренција жени: Анета Глигорова (Бадел)

Scroll to Top