Top Sport

Милиќ и Абутовиќ нема да играат за Србија на ЕП

Селекторот на ракометната репрезентација на Србија Јовица Цветковиќ од првиот ден на подготвките за настап на Европското првенство се соочи со сериозни проблеми. На самиот почеток тој остана без четворица играчи.

За Србија на ЕП во Хрватска сигурно нема да играат Момир Рниќ, Растко Стојковиќ и двајцата играчи на Вардар Илија Абутовиќ и Страхиња Милиќ.

„Тоа е она што е непријатно и што може да се очекува во вакви ситуации. Искрено се надевав дека ќе имаме помалку порблеми. Откажаа Страхиња Милиќ и Илија Абутовиќ, додека Растко Стојковиќ ќе мора да го оперира коленото, а Момир Рниќ има фрактура на ногата. Неизвесен е и Бојан Бењански, тој е тука но мора да се лечи.

Србија до почетокот на ЕП ќе одигра шест подготвителни натпревар. На ЕП Србите се во група со домаќинот Хрватска, Шведска и Исланд.

Scroll to Top