Top Sport

Младите кошаркари ќе разигруваат за петто место на шампионатот во Тбилиси

Машката младинска кошаркарска селекција загуби од Естонија со 81:59 во четврт-финалниот натпревар на шампионатот во Тбилиси. По ова, на нашите младинци им преостанува борбата за пласман од петтото до осмото место на овој турнир во главниот град на Грузија.

Естонија беше подобра екипа, водеше речиси во текот на целиот меч, а во 17. минута поведе и со двоцифрена разлика (36:26).
Естонците на полувремето имаа плус 10 (43:33).

Третата четвртина можеби беше и решавачка, со оглед дека комплетно беше скршен отпорот на Македонија.

Scroll to Top