Top Sport

Младите македонски кошаркарки испаднаа во Дивизија Ц

Женската кошаркарска репрезентација до 18 години го заврши Европското првенство (ЕП) Б-дивизија во Софија, Бугарија, без ниту една победа. Во последниот натпревар нашите млади кошаркарки беа убедливо (49:78) поразени и од Норвешка.

Македонија на крајот заврши на последното 18, место и следната година ќе игра во Дивизијата Ц.

Македонија се држеше само во првите десет минути игра и ги заокружи со водство од 11:9, но на полувреме Норвешка замина со пет поени предност (24:29).

Потоа македонските кошаркарки паднаа на физички план, а Норвежанките стигнаа до убедлив триумф.

Кај Македонија, Михаела Алексовска постигна 15 поени, пред Мартина Маркоска со десет постигнати поени. Кај Норвешанките, најефикасна веше Аурора Сорбје со 15 поени, пред Камила Гјерстад со 12 поени.

Scroll to Top