Top Sport

Страшна повреда на фудбалер во Молдавија

Холандскиот фудбалер Дони ван Иперен се бори за живот откако вчера доживеа страшна повреда на мечот од молдавското фудбалсо пренство Зимбру и Динамо-Аута. Тој тешко се повреди по сударот со голманот на домаќините.

Ван Иперен бил изнесен од теренот на носилки и пренесен во болница во Кишињев. Според информациите, фудбалерот е на интензивна нега и се бори за живот.

„Во овие тешки моменти, сите наши мисли се со Дони ван Иперен. Холандскиот играч е префрлен во болница во Кишињев и добива медицинска помош. Дони, биди силен, целиот жолто-зелен тим се моли за тебе! Ти ветуваме дека ќе успееме, заедно!“, објавија од Зимбру.

Scroll to Top