Top Sport

Мобли е дефанзивец на сезоната во НБА лигата

Кошаркарот на Кливленд, Еван Мобли, е прогласен за најдобар дефанзивец во американската професионална кошаркарска лига (НБА) за сезоната 2024/2025.

23-годишникот беше прогласен за одбранбен играч на месецот двапати во текот на сезоната, во декември и февруари.

Мобли оваа сезона имаше просек од 18,5 поени, 9,3 скока и 3,2 асистенции по натпревар, а имаше просек од 1,59 блокади, 0,9 украдени топки и седум дефанзивни скока по натпревар.

Тој ја освои наградата „Хаким Олаџувон“ пред Дисон Даниелс од Атланта и Дрејмонд Грин од Голден Стејт.

Кливленд го заврши регуларниот дел од сезоната како прв во Источната конференција со 64 победи и 18 порази, а во првото коло од плејофот играат против Мајами и моментално водат со 2:0 во серијата.

Scroll to Top