Легендата на шпанската кошарка, Фелипе Рејес останува во редовите на Реал Мадрид најмалку уште една година.
Тој иако во март го прослави својот 40-ти роденден, сепак смета дека му е рано за „пензија“. Ќе игра за Реал уште најмалку една година и така ќе заокружи полни 17 години во Кралскиот клуб.
По потпишувањето на договорот испрати на Твитер:
„Мој дом, мое семејство, мож живот. Среќен сум“
Mi casa, mi familia y mi vida. Soy feliz.#HalaMadrid ? ? pic.twitter.com/wFvbXY0nqI
— Felipe Reyes (@9FelipeReyes) July 24, 2020
Капитенот на Реал во клубот стигна во 2004 година од Естудијантес каде играше во првите 5 години од кариерата. Со Реал освои 20 трофеи, двапати беше на „покривот“ на Европа, во 2015 и во 2018 година.
Седумпати ја освојуваше АЦБ лигата, 6 пати беше освојувач на Купот на кралот, а има и 5 Суперкупа.
Рејес е рекордер во Евролигата по бројот на фатени топки.