Top Sport

Момчето не запира! Нов спектакл од Дончиќ, нова победа за Маверикс (видео)

Словенецот Лука Дончиќ не планира да сопре со своите маестрални партии за Далас маверикс, откако повторно беше лидер на својот тим за 120:113 победа на гости кај Феникс санс.

Во израмнет натпревар, победникот се одлучуваше во самиот финиш, иако Далас водеа во текот на првото полувреме со минимални 53:50. Феникс успеаја да израмнат неколку пати, но на крајот до својата 12. победа оваа сезона стигнаа гостите.

Дончиќ имаше неверојатни 42 поени, а додаде и 11 асистенции и 9 скокови, а Тим Хардавеј Јуниор имаше 26 поени.

Лос Анџелес лејкерс, пак, продолжија со одличните игри за својата 17. победа, откако дома со 125:103 ги совладаа Вашингтон визардс. Ентони Дејвис имаше 26 поени и 13 скока, а Леброн Џејмс додаде 23 поени и 11 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Детроит – Шарлот 107:110

Орландо – Торонто 83:90

Кливленд – Милвоки 110:119

Њујорк – Филаделфија 95:101

Индијана – Атланта 105:104 ОТ

Мемфис – Јута 94:103

Мајами – Голден стејт 122:105

Оклахома сити – Њу Орлеанс 109:104

Сан Антонио – ЛА Клиперс 107:97

Феникс – Далас 113:120

Портланд – Чикаго 107:103

ЛА Лејкерс – Вашингтон 125:103

Scroll to Top