Еден од најдобрите играчи во Евролигата, Мајк Џејмс, би можел да добие отказ во Монако. Џејмс е исклучително квалитетен играч, проблем претставува неговото однесување, минатата сезона неколку пати влезе во расправија со тренерот Саша Обрадовиќ.
Грчките медиуми пишуваат дека откако во Мако дојде Кемба Вокер, во клубот сериозно размислуваат да се разделат со Џејмс.
Според овие извори, сериозен интерес за Џејмс покажал Олимпијакос. Црвено-белите бараат плејмејкер кој ќе го надомести заминувањето на Костас Слукас.