Top Sport

Монако го освои третото место на Ф4 турнирот во Евролигата

Кошаркарите на Монако го освоија третото место на Ф4 турнирот во Евролигата, откако ја совладаа Барселона со 78:66. Тимот на Шарунас Јасикевичиус делуваше недоволно мотивирано по поразот од Реал Мадрид во полуфиналето, па Монако уште на полувремето обезбеди 16 поени предност (44:28).

Штрацел со 14 поени беше предводник на тимот на Монако, а Диало постигна 10 кошеви.

Најефикасен на мечот беше Миротиќ со 15 поени, но немаше голема поддршка од соиграчите.

Во финалето ќе играат Олимпијакос и Реал Мадрид, а почетокот е закажан за 19 часот.

 

 

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');