Монако на Саша Обрадовиќ, во својата деби сезона во Евролигата ги надмина сите очекувања и ќе игра на Фајнал фор турнирот во Литванија, откако во „мајсторката“ во четврт-финалето со 97:86 (26:33, 27:16, 19:21, 25:16) го совладаа тимот на Макаби Тел Авив. На завршниот турнир веќе се Барселона и Олимпијакос, додека во тек е „мајсторката“ помеѓу Реал Мадрид и Партизан.
Откако во првите четири натпревари, двата клуба победуваа и губеа по еднаш, мечот во Монако го решаваше патникот на Ф4, и предводени од Мајк Џејмс и Џордан Лојд, кои постигнаа по 21 поени стигнаа до победа во неизвесен меч. Кај Макаби, Вејд Болдвин беше најефикасен со 26 поени
Макаби ги искористија сите пропусти на домашниот тим за да поведат со 33:26 по првата четвртина, но во втората Монако со серија од 15:0 прејде во водство. Сепак, тие не успеја да се одвојат на повисока предност до последната четвртина, кога повторно Џејмс бш клучниот играч.