Иако на денешната прес-конференција, претседателот на Црвена звезда, Небојша Човиќ одбиваше да го открие името на новиот тренер на кошаркарскиот клуб по заминувањето на Драган Шакота, францускиот Монако потврди дека Саша Обрадовиќ заминува да стане тренер на српскиот клуб.
„Саша Обрадовиќ се приклучува на кошаркарскиот клуб Црвена звезда, каде што беше легенда како играч. Монако се заблагодарува на соработката со Саша“, напишаа од Монако на Твитер.
Ова е трето враќање на Обрадовиќ во Звезда, но првпат како тренер. Неодамна „Л’Екип“ објави дека Обрадовиќ ќе го „откупи“ договорот со Монако за да премине во Звезда.
? @SasaObradovic69 rejoint le club de l’Etoile Rouge de Rouge (@kkcrvenazvezda), où il a écrit sa légende en tant que joueur. L’ASM Basket tient à remercier très spécialement coach Saša pour tout ce qu’il a apporté au club. ?
? Le communiqué ?
? https://t.co/32Ru6Venpf pic.twitter.com/ZO3Yrjg8rv— AS Monaco Basket (@ASMonaco_Basket) June 8, 2020