Top Sport

Монако скапо плати за потписот на Џејмс

Кошаркарскиот клуб Монако, се засили со Мајк Џејмс. Монако како актуелен освојувач на Европкупот, сезонава ќе дебитира во Евролигата.

Џејмс, минатата недела, го раскина договорот со ЦСКА Москва. Американецот, на почетокот на годината, беше отстранет од клубот поради несогласувањата со тренерот Димитрис Итудис.

Вториот дел од сезоната, Џејмс го мина во Бруклин Нетс, каде што имаше просек од 7,7 поени по натпревар.

По завршувањето на сезоната врати во ЦСКА и договори спогодбен раскин на соработката, се обиде да најде ангажман во НБА лигата. Откако не успеа, ја прифати понудата на Монако.

Клубот од „малото кнежевство“, го договори Џејмс за 1,4 милиони евра по сезона. Ова е еден од најголемите договори во Еворлигата.

Scroll to Top