Top Sport

Монако со „стотка“ за Асвел

Донатас Мотиејунас, Двејн Бејкон и Мајк Џејмс имаа комбинирано 63 поени за Монако да ги декласира Асвел со 100:75 на гости во презакажаниот меч од Евролигата.

Мотиејунас беше најефикасен со 22 поени и 4 скока, Бејкон имаше 21 поени, а Џејмс 20 поени за тимот на Саша Обрадовиќ, кој сега има три победи во низа за да го подобри скорот на 8-11.

Монако имаше 21 поен предност во третата четвртина (71:50),  која успеа да ја зголеми до крајот. Маркос Најт имаше 19 поени 9 скока за Асвел, кои сега имаат 8-10 скор.

Олимпија Милано, пак, благодарение на фантастичната последна четвртина стигна до 76:65 домашна победа над Алба Берлин, подобрувајќи го скорот на 12-6, со што се на третото место на табелата израмнети со Олимпијакос и Зенит Санкт Петерсбург.

По израмнети три четвртини, Милано ја почна последната четвртина со 16:6 серија, која на крајот беше доволна за победа. Џиџи Датоме беше најефикасен со 16 поени, Кајл Хајнс додаде 12, додека за Алба, Маодо Ло имаше 13 поени.

ЕВРОЛИГА, 19.КОЛО

Асвел Лион – Монако 75:100 (24:27, 17:24, 17:25, 17:24)

Олимпија Милано – Алба Берлин 84:76 (22:24, 16:16, 22:19, 24:17)

Scroll to Top