Кошаркарите на Далас, по едно продолжение, славеа победа во Бруклин 129:125. Блескаше Лука Дончиќ со трипл-дабл. НБА лигата на официјалната интернет страница партијата на Словенецот ја нарече „монструозна“.
Дончиќ и засени ѕвездите на Бруклин, Кевин Дурент и Кајри Ирвинг, но малку фалеше наместо херој да биде трагичар. На 8,8 секунди до крајот загуби топка, а потоа Дурент со забивање избори продолжение.
Тимот од Тексас го предводеше Дончиќ со 41 поен, 14 асистенции, 11 скока и три украдени топки. Ова е 47. трипл-дабл во кариерата на Дончиќ.
Тој влезе во историјата на НБА како 10. кошаркар кој стигнал до трипл-дабл со над 40 поени. Едениствен е во историјата на лигата, кој со ваков трипл-дабл имал и три украдени топки.
Тим Хардавеј џуниор додаде 18 поени за победничкиот тим, а Макси Клебер постигна 15 поени.
Бруклин го предводеа Кевин Дурент со 39 и Кајри Ирвинг со 37 поени.
Далас по четири натпревари има две победи и два порази, а Бруклин има една победа и четири порази.