Тренерот на Феникс Санса, Монти Вилијамс, е прогласен за тренер на сезоната во НБА.
Вилијамс сезонава имаше одлична серија со Феникс и стигна до скор од 64-18 во лигата, што е најдобар скор во историјата на франшизата.
Во текот на сезоната двапати беше тренер на месецот, а во ноември неговиот Феникс победи на сите 16 натпревари.
Тој беше на клупата на тимот на Леброн на „Ол-стар“ натпреварот и победи со 163:160.
Да потсетиме, лани стигна до финалето со Феникс каде беше поразен од Милвоки Бакс.