Top Sport

Морача е мала, Црвена звезда повторно ќе игра Евролига

Белградскиот весник „Спортски журнал“ обајви дека кошаркарите на Црвена звезда и наредната сезона ќе играат во Евролигата без оглед на исходот на финалната серија во АБА лигата, против екипата на Будуќност од Подгорица.

Финалната серија во регионалната лига започна во понеделникот, во Белград, а по два натпревар резултатот е 1:1. Според истиот извор Будуќност и да ја освои титулата нема да може да игра во Евролигата бидејќи салата „Морача“ не ги задоволува строгите критериуми на елитното кошаркарско натпреварување.

Весникот се повикува на евролигашкиот правилник, односно на членот 9 од третото поглавје кој се однесува на капацитетот на салите.

„Да се игра во сала со минимален капацитет од 5.000 места за седење која се наоѓа на помалку од четири часа летање од Франкфурт и која ги исполнува сите останати услови“, стои во тој дел од правилникот.

Салата во која игра Будуќност е изградена е во 1981 година, а е ренвирана за потребите на Европското првенство во тогашна СРЈ Југославија во 2005 година. Инаку „Морача“ има капацитет од 4.000 места.

Scroll to Top