Top Sport

„Морача“ збесна! Будуќност успеа да го победи Реал Мадрид!

Црногорскиот шампион од АБА-лигата во својата деби сезона во европската елита успеа да го направи најголемото остварување, победувајќи ги актуелните шампиони од Евролигата, Реал Мадрид со импресивни 73:60.

Досега, евролигашкото искуство беше „пресилно“ за Будуќност, откако пред овој меч во 18 кола имаа само пет победи, но за триумфот во „Морача“ ќе се зборува надолго.

Најзаслужни за „трансот“ во „Морача“ беа Коти Кларк со 12 поени и 12 скока, Норис Кол со 14 поени, и Гога Битадзе со 13 поени. Уште поимпресивно, Будуќност водеше од почеток до крај на мечот, и во секој момент имаа одговор за играта на „кралевите“, каде што Серхио Љуљ беше најефикасен со 10 поени.

ЕВРОЛИГА, 19.КОЛО

Анадолу Ефес – Дарушафака 82:68 (21:14, 24:11, 21:20, 16:23)

Будуќност – Реал Мадрид 73:60 (19:15, 17:13, 20:20, 17:12)

Жалгирис Каунас – Панатинаикос 82:69 (13:19, 20:18, 19:14, 30:18)

Scroll to Top