Top Sport

Морант ја предводи најдобрата руки петорка

Џа Морант (Мамфис), Брендон Кларк (Мемфис), Зајон Вилијамсон (Њу Орлеанс), Кендрик Нан (Мајами) и Ерик Паскал (Голден стејт Вориорс) се најдоа во најдобрата петорка на дебитанти во НБА лигата.

Морант очекувано ја предводи оваа петорка, откако претходно беше прогласен за најдобар дебитант оваа сезона. Морант сезоната ја заврши со просек од 17,8 поени и 7,3 асистенции.

Во втората петорка се најдоа: Теренс Дејвис (Торонто), Коби Вајт (Чикаго), Тајлер Хиро (мајами), Пи Џеј Вашингтон (Шарлот) и Руи Хачимура (Вашнгтон).

 

Scroll to Top