Top Sport

Лоренцо одбил да се врати во Дукати

Петкратниот светски првак Хорхе Лоренцо потврдил дека имал сериозни преговори со Дукати. Шпанецот кој по лошата сезона со Хонда се повлече од од Мото ГП, изминатите недели се поврзуваше со Дукати откако Андреа Довициозо објави дека по завршувањето ан сезоната ќе го напушти италијанскиот тим.

Лоренцо во кариерата две сезони ги бранеше боите на Дукати, меѓутоа тимот започна да победува откако Шпанецот се пресели во Хонда.

На прашањето дали навистина сериозно размислувал да се врати во Дукати, Лоренцо одговорил:

„Тоа беше реална опција, за малку ќе се случеше“.

На крајот Шпанецот истакнал дека се минимални шансите воопшто да се врати во Мото ГП:

„Шансите ми се намалуваат секоја година. Искрено, откако донесов тешка одлука да се повлечам, можам да кажам дека мојата тркачка кариера е готова, иако на некој начин би сакал да останам во овој спорт“.

Scroll to Top