Top Sport

Морент го пропушта четвртиот натпревар

Кошаркарот на Мемфис, Џа Морент, најверојатно нема да настапи на четвртиот натпревар од серијата со Голден стејт Вориорс, поради повреда на коленото. Веста ја потврди Тејлор Џенкинс, тренерот на Гризлис.

Морент се повреди во текот на третиот натпревар од полуфиналната серија со Вориорс. Тој беше повлечен за коленото од Џордан Пул, по што веќе не можеше да го продолжи мечот. По мечот Пул се правдаше дека немал намера да го повреди противникот туку дека инстинктивно тргнал по топката.

„Го удвоивме и јас тргнав кон топката. Секако дека не сакам некој да се повреди, јас не сум таков играч. Се надевам дека ќе биде добро и ќе игра во четвртиот натпревар“, изјави Пул.

Вориорс моментално водат со 2:1 во серијата, а четвртиот натпревар е во ноќта помеѓу понеделник и вторник во 4 часот.

 

Scroll to Top