Брајан Виндхорст, новинар на ЕСПН, објасни како новата казна ќе му ја испразни банкарската сметка на ѕвездата на Мемфис Гризли Џа Морент.
НБА лигата, вчера го казни Морент со 25 натпревари, што значи дека ќе загуби 7.600.000 долари од договорот за следната сезона.
Виндхорст пресметал дека финансиската загуба на Морент ќе биде многу поголема.
„Проценувам дека ќе загуби околу 50.000.000 долари. Нема да добие плата за 25. натпревари што нема да ги игра, не доби плата ниту за осумте натпревари што ги пропушти оваа сезона, а не се сомневам дека ќе беше член на идеалната петорка доколку не го предизвикаше првиот инцидент. Тоа што не беше избран во идеалната петорка на лигата го остави без бонуси од 40.000.000 долари“, рече Виндхорст и дополни.
„Да не зборуваме за потенцијалните спонзорства. Само од финансиска гледна точка, тоа е најлошата казна што некогаш сме ја виделе во професионалниот спорт“.
Засега нема индикации дека спонзорите ќе ја прекинат соработката со Морент, згора на тоа, со официјално соопштение застанаа на негова страна. Парадоксално, тоа го направија откако од веб-страницата ја повлекоа линијата на патики со потпис на Морент.
“[Ja Morant] is at least looking at $50M in losses. … It’s as bad of a penalty as we’ve seen in the history of professional sports.”
—@WindhorstESPN pic.twitter.com/dndV7RlK2S
— First Take (@FirstTake) June 16, 2023