Top Sport

Морис: Јокиќ знае сè за противниците, тоа е лудо

Монте Морис, кошаркар на Денвер Нагетс, во разговора за американските медиуми поделил низа комплименти за играта на соиграчот Никола Јокиќ.

Српскиот центар зад себе има неверојатна сезона, настапи на „Ол Стар“ натпреварот, играше со Денвер во полу-финалето на Западот, а потоа беше избран и во идеалната петорка на сезоната.

Тој успеа да забележи преку 500 асистенции минатата сезона. Кога се работи за високите кошаркари таков учинок имал само легендарниот Вилт Чембрлен.

„Јокиќ ти приоѓа и ти вели: ‘Направи го тоа и тоа и ќе ти ја додадам топката. Ќе бидеш сам на шут’. И тоа и се случува“, рекол плејмејкерот на Денвер.

„Мислам дека тука станува збор за начинот на кој тој се подготвува за натпреварите. Тој ги знае дефанзивните поставки на сите екипи. Тоа е лудо“, заклучил Морис.

Јокиќ минатата сезона ја заврши со просек од 20,1 поени, 10,8 скока и 7,3 асистенции.

Scroll to Top