Top Sport

Тако Фал има 231 сантиметри и ќе игра за Бостон Селтикс (Фото)

Бостон Селтикс во својот тим наредната сезона ќе го имаат највисокиот играч во НБА-лигата. Селтикс потпишаа договор со 231 сантиметри високиот играч од Сенегал, Тако Фал.

Џинот од Сенегал не беше избран на драфтот, меѓутоа Селтикс му пружија шанса да се искаже во Летната лига. Шансата тој ја искористи, бележел во просек по натпревар по 7,2 поени, четири скока и 1,4 блокади и процент на реализација од 77 отсто.

Фал ќе го дели првото место на листата на највисоки играчи во НБА-лигата заедно со Георге Мурешан и Мануте Бол.

Инаку, Бостон Селтикс, покрај со Фал за наредната сезона потпишаа договори со Тремонт Вотерс, Џавонте Грин и Макс Страс.

Scroll to Top