Top Sport

Морнар доби место во Еврокупот

АБА лигата доби уште еден претставник во Европкупот. Бордот на ова натпреварување донесе одлука на местото на Макаби Ришон да влезе екипата на Морнар од Бар. Макаби Ришон се повлекоа од Европкупот поради финансиски проблеми.

Морнар ќе биде четвртиот тим од АБА лигата и втор од Црна Гора, покрај Будуќност, што ќе учествува во Еврокупот.

Интересно двете екипи од Црна Гора ќе се натпреваруваат во Б-групата заедно со Метрополитанс, Бреша, Улм и Уникаха.

Фазата по групи во Еврокупот ќе се игра од 30 септември до 16 декември, а потоа од 30 декември до 3 февруари 2021 година ќе се игра Топ 16 фазата.

Scroll to Top