Top Sport

Морнар го потпишаа синот на „адмиралот“ Робинсон

Кошаркарскиот клуб Морнар од Бар вчера доби покана за настап во Еврокупот, а денес го претстави петтото засилување за новата сезона. Во Бар пристигна Џастин Робинсон, синот на еден од најдобрите НБА-центри на сите времиња, Дејвид Робинсон.

Џастон Робинсон четири години мина на престижниот универзитет Дјук, каде што имаше епизодна улога, на 55 натпревари бележел просек од 1,6 поени и 2,8 скока. Висок е 202 сантиметри и ги покрива позициите „три“ и „четири“.

Неговиот татко „адмиралот“ Робинсон целата кариера ја мина во Сан Антонио, со Спарс освои две титули во НБА лигата, беше и член на оригиналниот „Дримт тим“ во Барселона 1992 година.

 

Scroll to Top