Top Sport

Митровиќ доби отказ во Монако

Звездан Митровиќ повеќе не е тренер на кошаркарите на Монако. Клубот и тренерот спогодбено ја прекинале соработката.

Црногорскиот тренер од 2020 година го предводеше Монако. Минатата сезона го постигна најголемиот клупски успех, го освои Еврокупот со што му обезбеди место на Монако во Евролигата.

Клупските челници решија да се разделат со Митровиќ, поради лошиот скор во елитното натпреварување. Монако по 14 кола има пет победи и девет порази. Исто така, на одлуката да замине од Монако, влијае и неговите несогласувања со првата ѕвезда, Мајк Џејмс.

Митровиќ во кариерата ги тренирал Химки, Будуќност, Асвел и репрезентацијата на Црна Гора.

Француските медиуми тврдат дека нов тренер на Монако ќе биде Саша Обрадовиќ, кој од декември 2020 година е без работа.

Scroll to Top