Top Sport

Рамос и Меси против Реал, Роналдо на Атлетико Мадрид, Интер ќе го предизвика Ливерпул

Три супер интересни пресметки не очекувата во осмина-финалето во Лигата на шампионите, откако УЕФА ја повотрни ждрепката, по неколкуте скандали што го следеа првото извлекување.

Во центарот на вниманието ќе биде дуелот на ПСЖ и најтрофејниот европски клуб Реал. Останатите две дерби пресметки се Интер-Ливерпул и Атлетико-Манчестер јунајтед.

Осмина-финални двојки:

Салцбург-Баерн Минхен
Спортинг Лисабон-Манчестер сити
Бенфика-Ајакс
Челси-Лил
Атлетико Мадрид-Манчестер јунајтед
Виљареал-Јувентус
Интер-Ливерпул
ПСЖ-Реал Мадрид

Првите натпревари на програмата се на 15 и 16., односно 22. и 23.февруари, а реваншите ќе се одиграат на 8. и 9., односно 15. и 16.март. Сите натпревари ќе се играат во терминот од 21 часот.

Scroll to Top