Top Sport

Мундијалски квалификации – Македонија во последниот шешир

Утре на пладне, во швајцарскиот град Миес, ќе се одржи ждрепката за квалификациите, за пласман на Светското првенство во кошарка. Македонија противниците ќе ги чека од последниот, осми шешир. Покрај Македонија во овој шешир се и Шведска, Португалија, односно Словачка.

Со ждрепката ќе бидат составени осум групи со по четири репрезентации. Првиот круг ќе го минат по три селекции од секоја група. Репрезентациите кои ќе изборат место во втората фаза, во новите групи ќе ги пренесат бодовите освени во првата фаза од квалификациите.

Светското првенство ќе се одржи од 25.август до 10. септември 2023 година во Филипини, Индонезија и Јапонија.

Прв шешир: Шпанија, Франција, Словенија, Србија
Втор шешир: Италија, Литванија, Грција, Германија
Трет шешир: Чешка, Полска, Русија, Турција
Четврти шешир: Црна Гора, Латвија, Украина, Хрватска
Петти шешир: Финска, Грузија, Белорусија, Унгарија
Шести шешир: БиХ, Велика Британија, Израел, Холандија
Седми шешир: Исланд, Естонија, Бугарија, Белорусија
Осми шешир: Македонија, Шведска, Португалија, Словачка

Македонија од 22. до 30.ноември ќе одигра два натпревари, нови две средби нашите кошаркари ќе очекуваат од 21.февруари до 1.март 2022 година, а последните два натпревари во првиот круг ќе ги одиграат во терминот од 27.јуни до 5.јули наредната година.

Фото/kfsm.mk

Scroll to Top