Top Sport

Мундобаскет квалификации: Нов пораз на Хрватска

Кошаркарската репрезентација на Хрватска доживеа уште еден пораз во квалификациите за Мундобаскетот во Кина во 2019 година. По поразот во петокот од Холандија, Хрватите во неделата загубија од Италија на домашен терен 64:80.

Хрватска против Италија одигра само десет минути, односно делуваше добро на теренот само во првата четвртина која ја заврши со двоцифрена предност 23:13. Италија потоа возврати во втората четвртина и на полувреме замина со поен предност 32:33.

Она што е добро за Хрватска е што по три селекции одат во наредната фаза и дека ќе има можност да се консолидира до 23.февруари наредната година кога ќе игра против Романија, која во вториот меч славеше над Холандија 75:68.

Дела Вале со 25 поени ја предводеше Италија, додека најдобар кај Хрватска беше Планиниќ со 20 поени и 10 скока.

Резултати:

Група А:
Белорусија-Црна Гора 67:91
Шпанија-Словенија 92:84

Група Б:
Украина-Турција 60:67
Латвија-Шведска 82:73

Група Ц:
Литванија-Полска 75:55
Унгарија-Косово 84:76

Група Д:
Хрватска-Италија 64:80
Романија-Холандија 75:68

Scroll to Top