Top Sport

Муса ќе го засили Реал

Најдобриот играч на шпанската АЦБ лига, Босанецот Џанан Муса ќе биде првото засилување на Реал Мадрид за следната сезона, пренесуваат медиумите во Шпанија.

Муса оваа сезона одигра феноменално во дресот на Бреоган и ја заслужи титулата за најкорисен играч во најсилната европска лига.

Босанецот имаше одлични бројки минатата сезона од АЦБ лигата, во просек постигнуваше нешто повеќе од 20 поени, со пет скока и три асистенции.

Муса кариерата ја започна во дресот на Цедевита, а потоа замина во Бруклин Нетс, но таму не се снајде. Се врати во Европа, во редовите на Анадолу Ефес, со кој стана европски првак, а потоа се пресели во Бреоган.

Scroll to Top