Денвер Нагетс славеа победа над Филаделфија Севентисиксерс 114:110, во натпревар, во кој се соочија најголемите кандидати за МВП наградата, Никола Јокиќ и Џоел Ембид.
Нагетс имаа минус од 15 поени на крајот од првата четвртина и минус од 19 поени на стартот од вториот период. До крајот на полувремето, предводени од Јокиќ ја намалија предноста на Филаделфија на пет поени.
Јокиќ го предводеше Денвер со 22 поени, 13 скокови, 8 асистенции, по две блокдаи и украдени топки. Глема помош доби од Боунс Хајленд (21 поен) и Вил Бартон (20 поени).
Ембид забележа 34 поени, 9 скока, 4 асистенции, два блокади и една украдена топка. Џејмс Харден натпреварот го заврши со 24 поени, 9 скока и 11 асистенции.