Top Sport

МЗТ го декласира Широки

Foto/ MZT Skopje Aerodrom/ Petr Stojanovski

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром направија голем чекор кон пласманот во полуфиналето во плеј-офот, во АБА 2 лигата. Во СЦ „Јане Сандански“, МЗТ го победи Широки со 85:69.

МЗТ до победата дојде благодарение на „подолгата“ клупа и одличната игра во второто полувреме. Гостите првиот дел го добија со 37:41, предводени од Јукиќ и Јануковиќ.

Вториот дел мина во целосна доминација на МЗТ. Играчите на македонскиот шампион второто полувреме го добија со 48:28.

Убедливата победеа е важна бидејќи оваа сезона плеј-офот во АБА 2 лигата се игра на кош-разлика, а не како досега на две победи.

Војдан Стојановски сп 21 поен и пет скока, Делалиќ со 18 поени и Танасковиќ со 16 поени и седум скока го предводеа МЗТ до победата.

Scroll to Top