Top Sport

МЗТ го декласираше Работнички во првото вечно дерби оваа сезона

Актуелниот шампион, МЗТ Скопје Аеродром стигна до убедлива 87:66 победа над Работнички во првото градско дерби оваа сезона, кое исто така беше првиот меч кој се играше пред одреден број на публика во салата „Јане Сандански“ по претходните забрани поради пандемијата на КОВИД-19.

Во 157. меѓусебен дуел на лутите ривали, МЗТ стигнува до 66. победа (Работнички има 91.), обезбедена со фантастичното прво полувреме, во кое ривалите немаа одговор за играта на „металците“, кои водеа со 52:28 по две четвртини. И покрај обидот за камбек на гостите во последната четвртина, немаа доволно сили за пресврт.

Фото: КФМ

Scroll to Top