Top Sport

МЗТ го доби вечното дерби

„Вечното дерби“ на македонската кошарка, одиграно во рамките на 17 коло, им припадна на МЗТ. Екипата од Аеродорм во салата „Градски Парк“ го победи Работнички 74:70.

Слично како и во есенскиот дел од сезоната и оваа пресметка на вечните ривали донесе голема борба и неизвесност околу победникот до самиот крај на мечот.

На крајот МЗТ ја искористи доминацијата во скокот, Работнички играше без Кирил Николовски и поголемиот избор на играчи, бидејќи домаќинот мечот го играше со седум кошаркари.

Иако МЗТ имаа двоцифрена предност во третата четвртина (49:37), ветеранот Мираковски со три тројки ја врати неизвесноста во натпреварот. На крајот клучна се покажа тројката на Соколов со која МЗТ се одвоија од противниците на шест поени (65:59).

Високите играчи на МЗТ, Иве Иванов и Предраг Самарџиски комбинираа 38 поени и 25 скока. Хрватот Иванов забележа 22 поени и 9 скока, а поранешниот македонски репрезентативец имаше 16 поени и исто толку скока.

На спортивната страна дабл-дабл имаше Мираковски (18 поени, 10 асистенции).

фото/mztskopjeaerodrom.mk

Scroll to Top